Нашата адвокатска канцеларија е позната како незаменлив партнер во областа на правото на сопственост и на домашните и на меѓународните недвижносни трансакции и проекти. Се фокусираме на зделки со недвижности, кои длабоко ги разбираме во секоја поединечна фаза.
Еден од клучните чекори во секоја трансакција на недвижнини е внимателниот правен преглед. Нашата улога во оваа фаза е да понудиме детални насоки и да осигураме целосен преглед на правните прашања поврзани со недвижноста. Нашиот правен тим внимателно ги анализира сите релевантни документи и договори, за да се осигураме за законитоста и усогласеноста со законите и прописите. Во областа на правото на сопоственост особено внимание посветуваме на соодветните инструменти на осигурување. Во соработка со признати нотари подготвуваме и изведуваме сè што е потребно во врска со осигурувањата кои ја обезбедуваат вашата правна сигурност при зделките со недвижнини. Принципот на претпазливост е наш водич и затоа се трудиме да обезбедиме најбезбеден можен пристап за нашите клиенти при изведба на зделките.
Правната област на сопоственост е тесно поврзана со областа на градежното право, што ни овозможува да постигнеме значајни синергиски ефекти за нашите клиенти. Нашето искуство од двете области н овозможува да ги разгледаме целосно недвижносниите проекти кои вклучуваат градежен елемент и да го водиме клиентот низ правните аспекти на овие комплексни проекти.
Во нашето работење секогаш се залагаме за највисоки стандарди на правна стручност и прецизност, што им овозможува на клиентите да се фокусираат на инвестиции и зделки со недвижниости, додека ние се занимаваме со правните аспекти.