
Јернеја Херња
Адвокат
jerneja.hernja@andric.si
+386 1 430 03 33
Искуства
Од 2024: Адвокатско друштво Андриќ & Партнери, адвокатка
2022 -2023: Рифелалп Ресорт АГ, административна асистентка2021 -2022: Адвокат Иван Мохорко, приправничка
2019 -2021: Министерство за финансии на Република Словенија, финансиска советникчка
2019: Апелационен суд во Љубљана, судска приправничка
2017 -2019: Адвокатот Давид Слуга, приправничка
2017: Амбасада на Република Словенија во Виена, приправничка
Образование
2021: Правосуден испит
2020: Испит за финансиски надзор од 1-ви степен; Министерство за финансии на Република Словенија
2020: Општ испит за финансиска управа
2014 -2017: Универзитетот во Марибор, Правен факултет, магистер по правни науки
2009 -2014: Универзитетот во Марибор, Правен факултет, дипломирана правничка
Јазици
Словенечки јазик
Англиски јазик
Германски јазик
Хрватски јазик
Јернеја Херња во текот на нејзината кариера има стекнато широк спектар од искуства, кои го обликуваат нејзиното професионално портфолио. Својата професионална кариера ја започнала со стажирање во Амбасадата на Република Словенија во Виена, каде што стекнала прецизен увид во националните и меѓународните односи. Дополнително искуство стекнала работејќи во Одделот за меѓународно оданочување, каде што го проширила своето знаење во областите за меѓународните односи и даночното право.
Нејзината работа дома и во странство дополнително ја има продлабочено нејзината експертиза во областите на меѓународното, корпоративното, даночното право и правото од областа на отштети, кои претставуваат суштински дел од нејзината правна практика. Со преговарачките и медијациските вештини и познавањето на англискиот и германскиот јазик, тaa ефективно ги застапува клиентите во сложени правни предизвици.
Нејзината професионална експертиза е заснована на цврста академска основа и практично искуство. Има богатото искуство стекнато во разлучните улоги од областа на финансискиот надзор во Министерството за финансии и судска пракса што ѝ овозможува да има сеопфатен пристап кон правните прашања.
Во адвокатското друштвоАндриќ & Партнери, главно се занимава со поднесување побарувања во стечајни постапки, поднесување на извршни дејствија и спроведување на извршни постапки, како и со правно советување и застапување на клиенти во судски постапки.